ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Во вториот квартал стапката на невработеност 16,7 отсто

Во вториот квартал стапката - Работник
75views

Стапката на невработеност од 16,7 отсто е евидентирана во вториот квартал од оваа година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бројот на невработени во овој квартал изнесува 159 623, додека бројот на вработени 793 416. Активното население во земјата брои 953 039.

Стапката на активност во вториот квартал изнесува 56,5 отсто.

Објавените податоци укажуваат на зголемување на стапката на невработеност во однос на првиот квартал кога изнесуваше 16,2 отсто. Во однос на крајот на 2019 и на вториот квартал 2019 година има намалување, кога се регистрирани 17,3, и 17,5 отсто.