- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Во вторник угостителите излегуваат на протест – Ќе трае се додека не им се исполнат барањата

Денеска уште еден протест - Работник
233views

Угостителите излегуваат на протест. Во вторник пред Министерството за финансии, почнувајќи во 12 часот, ќе го започнат протестот кој, како што велат ќе заврши кога ќе бидат прифатени нивните барања. 

Барањата на угостителите се еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти, поделени во три категории според големината на бројот на вработени во 2020 година; еднократна финансиска помош за регистрираните угостители на кои со уредба на Влада им е забрането вршење на основната дејнот и кои со месеци немаат никаква помош и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додека Владата не им дозволи да работат без рестрикции. 

Advertisement

Еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

Од Туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори велат дека секторот туризам е еден од најпогодените од пандемијата.

Advertisement
Advertisement

Големиот број на заболени граѓани, немањето вакцини, намалената платежна моќ на граѓаните го става туризмот и патувањето како последна точка на интерес. Приход во изминатите 13 месеци е со паднат од 85% до 100%, додека нашите трошоци се уште се акумулираат, истакнаа од ТУК.

„Повеќе од една година ситуацијата со корона вирусот континуирано е лоша, без изгледи за нејзина стабилизација. Проблемот со кој се соочуваат туристичките агенции е континуиран и се однесува на немање можност за работа, плаќање на режиски трошоци и трошоци за плати, без да се остваруваат никакви приходи. Заради тоа што сме дел од економијата на нашата земја во која придонесуваме и сме дисциплинирани во плаќање даноци и такси во нормални услови на живот и работа, инсистираме да ни се помогне да опстанеме во овој тежок период за нас и да не се дозволи секторот туризам да се уништи и да згасне“, изјави Ана Марија Алексова.

Таа истакна дека сите се надеваат и сакаат да работат и заработат самостојно како и до сега, но поради виша сила, односно пандемија, туристичките агенции, хотелите и другите придружни дејности се пред колапс, затоа е неопходно институциите да помогнат за овој сектор да опстои. Ситуацијата е толку неизвесна што поради состојбите со корона вирусот во светот, секојдневно се менуваат условите за влез и излез, што оневозможува да се планираат туристички патувања и оваа година.

„Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година, а  ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам како хотели, категоризирани објекти за престој,  превозници и за истото да може како помош да биде искористено од сите учесници во секторот, од таа причина бараме задолжително да се користат преку туристичка агенција“, изјави Алексова.

Туристичките агенции бараат да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи за жал состојбите сеуште се неизвесни и не се знае дали и кога ќе се стабилизира ситуацијата и ќе може да се реализираат ваучерите.

„Барањата за поддршка на секторот туризам се реални и засновани на големите штети кои ги имаме, за што во овој момент ни е потребна помошта за опстанок, за да не се соочиме со  колапс. Барања за помош досега неколку пати се доставувани до надлежните институции, и затоа од вторник 20 април ќе се приклучиме на протестот на угостителите и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, истакна Алексова.

Поддршка на протстот на угостителите дадоа и од Движењето за социјална правда „Обединети Работници“ кои во соопштението истакнаа дека запоставувањето на реалните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Република Македонија мора да запре.

„Илјадници компании од угостителскиот сектор кои акумулираат десетици илјади работници се оставени сами на себе да го преживуваат месецот во ситуација на целосна забрана за работење при континуирани тековни издатоци и зголемена инфлација во сите сфери од живеењето. Државата наместо да биде заштитник на овие луѓе, одлучи да ги остави на маргините на општеството, ветувајќи им брда и долини, а остварувајќи им едно големо ништо“, велат од Движењето. 

Истакнаа дека поради овие појави, Туристичко угостителската комора на Република Македонија, при Сојуз на стопански комори, се одважи да започне активна борба за зачувување на работните места на угостителските работници, преку организирање на протести при што ќе бараат активна поддршка од државата за опстојување на оваа гранка.

Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” ја поддржува одлуката на Т.У.К., при што најавуваме учество на нивниот протест, закажан за вторник, 20/04/2021 година, пред Министерство за финансии, потенцираа од Движењето.

 
И претседателот на Синдикатот за угостителство и туризам Роберт Митровски на протестот на КСС рече дека државата треба да има доблест и да им помогне на сопствениците на угостителските објекти, за да се зачуваат работните места во овој сектор.
 
Бобан Илијевски
 

Advertisement