- Advertisement -
Магазин

Во Вухан илјадници луѓе на улиците, светот во карантин

Вухан - Работник
295views

По тешката година, во која од Ковид – 19 починаа најмалку 1,7 милион луѓе, новите бранови на заразата ги присилиле властите во голем број на земји повторно да воведат карантин, поради што многумина Новата година ќе ја дочекаат гледајќи телевизија во своите домови. Сосема е поинаква ситуацијата во Вухан, градот од каде што тргнала пандемијата во смртоносен поход на светот. Илјадници жители на овој град денеска на улица ја пречекале Новата 2021 година. 

 

Пред една година во овој повеќемилионски град, започнала пандемијата која тешко го погоди светот. Кинеските власти со исклучително рестриктивни мерки во Вухан и остатокот на државата успеале пандемијата да ја стават под контрола 

Ситуацијата, во меѓувреме, значајно се нормализирала и во оваа држава се регистрира многу мал број на заразени од коронавирусот – барем така покажуваат официјалните податоци на властите. Фотографиите и видео снимките од Вухан го обиколија светот, бидејќи жителите на тој град се собрале на улиците за да ја пречекаат 2021 година, но некои луѓе, поради претпазливост, носеле маски, иако во градот не е забележан заразен од 10 мај. 

Жителите на Вухан кои одлучиле да се приклучат на јавниот дочек на Нова година изјавиле дека се внимателни и дека не се загрижени за присуството на големиот број на луѓе на улиците. 

Освен Кина, уште неколку азиски земји во 17 часот по средноевропско време влегле во 2021 година, помеѓу другите, Филипини, Хонконг, Сингапур…

За разлика од Вухан, во поголемиот дел на градовите ширум светот нема јавен дочек на Новата година.