- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Во грчкиот Парламент започнува расправата за гласање на буџетот за 2021 година

Во грчкиот Парламент - Работник
98views

Грчките пратеници попладнево започнуваат петдневна расправа за буџетот за 2021 година, а гласањето во парламентот се очекува да биде на 15 декември.

Буџетот, меѓу другото, предвидува раст од 4,8 отсто за следната година и рецесија од 10,5 проценти за 2020 година, а невработеноста, се очекува оваа година да биде 16,9 отсто, 1,7 проценти повеќе од лани, но следната година да се намали на 16 отсто.

Во однос на долгот на земјата, се проценува дека до крајот на годинава дека ќе достигне до 340 милијарди евра односно 208,9 отсто од БДП, во споредба со 331 милијарда евра или 180,5 отсто од БДП во 2019 година.

За 2021 година се предвидува намалување од 9,3 процентни од БДП, на 199,6 отсто или 343,2 милијарди евра.