ЕкономијаСветСветот на работникот

Во ек кога поголемиот дел отпуштаат, овие компании вработуваат работници

Во ек кога поголемиот дел отпуштаат - Работник
96views

И додека во САД само минатата недела додатоци за невработеност барале дури 3,3 милиони луѓе, што е најголем број откако во таа земја ги следат пријавите за ваквите додатоци, голем број на компании и понатаму се во потрага за додатна работна сила.

Како што наведуваат странските медиуми, поради растот на купавањето по пат на интернет, се повеќе компании бараат доставувачи и магацински работници, а некои од најголемите трговски ланци се во потрага и по продавачи.

ЦВС

Американскиот фармацевтски ланец, како што пренесува Си – Ен – Ен моментално е во потрага по 50,000 додатни работници во продавниците, кол центрите, но и на доставните служби.

Волмарт

Најголемиот американски трговски ланец Волмарт планира да вработи околу 150,000 работници на полно работно време, половина работно време, како и на привремен работен однос.

Инстакарт

Dostavna služba kućnih potrepština i namirnica širom SAD-a najavila je da zbog porasta kupovine putem interneta u narednom periodu planira da zaposli 300.000 novih radnika.

Доставната служба на кучни потреби и намирници ширум САД најавила дека поради растот на купувањето преку интерент во наредниот период планира да вработи 300,000 нови работници.

Амазон 

Како и останатите доставувачки служби, трговските центри и магацините, интернет гигантот Амазон најавил додатни вработувања. Така да компанијата во своите магацински простории, но и во доставувачките ланци ќе вработи околу 100,000 работници.

Компанијата Пепси

Дека големите трговски ланци и доставувачките служби не се единствените компании кои во овие кризни времиња се во потрага за додатна работна сила покажува и примерот на Пепси кој планира да вработи околу 6,000 луѓе на полно работно време.

Додатно засилување бараат и водечките ланци на пицерии како што се Папа Џон и Доминос Пица.