- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Во Италија вакцината против Ковид-19 задолжителна за здравствените работници

Здравствени работниици - Работник
173views

Италијанските власти воведоа обврска здравствените работници да бидат вакцинирани против Ковид-19, со цел да се обезбеди заштита на најранливите пациенти во здравствените установи.

Неодамна беа пријавени зголемен број на заболени здравствени работници, а исто така тие одбиваат да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Критичарите на Владата ја доведоа во прашање законитоста на мерката.

Во указ одобрен од Владата на италијанскиот премиер Марио Драги се наведува  дека сите здравствени работници, вклучително и вработените аптеките, мора да бидат вакцинирани против Ковид-19. Оние кои одбиваат да бидат вакцинирани, ризикуваат да бидат отпуштени.

– Целта на мерката е да се заштитат што е можно повеќе медицински лица и болничари и луѓе кои се во  средина каде што постои поголем ризик од инфекција, соопшти Владата.