- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСвет

Во Канада отворени повеќе од 245 илјади нови работни места во август

Во Канада отворени - Работник
130views

Канадските работодавачи во август отвориле 245,800 нови работни места, благадарение на што стапката на невработеност е намалена на 10,2 %

Во јули стапката на невработеност изнесувала 10,9 %, 

Advertisement

Економистите за август предвидувале отворање на 250,000 нови работни места и стапка на невработеност од 10,2 %. 

Поради пандемијата од коронавирусот, Канада во март и април изгубила 3 милиони работни места. 

Advertisement
Advertisement

За растот на вработувањето во август придонело укинувањето на вонредните мерки во Торонто, најголемиот канадски град и еден од последните каде се ублажиле мерките за ограничување поради големиот број на заразени од Ковид – 19. 

Зголемување на вработеноста бележат речиси сите канадски покраини, со исклучок на Алберта и Њу Брунсвик. Во Онтарио минатиот месец се отворени 142,000 нови работни места, а во Квебек 54,000. 

Бројот на работници на полно работно време е зголемен за 205,800 лица, а пораснал и бројот на оние кои работат на скратено работно време – на 40,000.

Во производниот сектор во август се отворени 27,600 работни места, а во услужниот 218,100

Advertisement