ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Во конфекциите во Штип ќе се шијат 20,000 заштитни маски

Во конфекциите - Работник
447views

Општината Штип обезбедила материјал за да се шијат 20,000 маски, објави на денешната прес – конференција градоначалникот на општината, Благој Бочварски.

Според него, од утре неколку штипски компании ќе започанат да шијат 6,000 маски, а се во разговори со уште неколку конфекции кои треба да шијат 14,000 заштитни маски. Тој истакна дека овие маски ќе бидат за повеќекратна употреба и граѓаните ќе можат да ги перат и повторно да ги употребуваат.

Тој изрази голема благодарност до конфекциите „Ларс“, „ВАБО“ и „ЕАМ“ кои веднаш прифатиле да ги шијат заштитните маски.