ЕкономијаЗанимливостиСвет

Во Луксембург се воведува бесплатен јавен превоз

Во Луксембург - Работник
154views

Во Луксембург стапила во сила мерката за бесплатен јавен превоз, со што оваа земја станала прва во светот со превоз кој повеќе не се плаќа.

Дистрибутерите на билети постепено ќе бидат отстранети, но ќе останат неколку на железничките станици и другите продажни места за првата класа на возови кои не се опфатени од оваа мерка.

Околу 40 отсто од домаќинствата користат јавен превоз во Луксмебург, така да бесплатниот превоз воведен како „социјална мерка“ ќе претставува заштеда од околу 100 евра просечено по домаќинство на годишно ниво.

Граѓаните на Луксмебург најмногу користат авотомобили како превозно средство, а властите планираат поголеми инвестиции за да ја подобрат сообраќајната инфраструктура.

Предвидена е градба на додатни паркинзи, автобуски стојалишта со современа опрема за податоците за редот на возење, додатни места за електрично полнење, како и воведување на уште неколку линии на трамвај.