- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Во Македонија има трипати поскапа струја отколку во Велика Британија во однос на просечната плата

200views

Со една просечна плата жител на Македонија може да плати околу 17 сметки за струја, додека жител на Велика Британија над 50. Европската статистика покажува дека едно семејство просечно троши околу 360 киловат часови електрична енергија во текот на месецот. Според тоа, доколку не се греат на струја, домаќинствата во Македонија во просек плаќаат околу 1.500 денари за струја. Односно, со просечна плата од околу 26.000 денари може да се подмират 17 сметки.

Од друга страна, Британците со 2.500 фунти месечни приходи во просек плаќаат меѓу 35 и 50 фунти за струја, што е доволно една плата да покрие повеќе од 50 сметки за струја, пишува „Вечер.мк“

Advertisement

Инаку, во Обединетото Кралство, во категоријата домаќинства спаѓаат и микробизнисите, кои не плаќаат индустриска струја. Но, затоа бизнисот во Британија плаќа 20% данок за потрошена струја, додека домаќинствата 5%.

Интересен е и начинот на исклучување за неплатена сметка. Снабдувачот мора да му даде шанса на потрошувачот преку дополнителен план да го исплатува долгот, пред да се пристапи кон исклучување од системот на снабдување.

Advertisement
Advertisement

Доколку сепак не се постигне договор за плаќање на заостанатиот долг, снабдувачот треба преку суд да добие дозвола за исклучување и потоа да му остави уште седум дополнителни денови пред да ја исклучат струјата поради неплатени сметки. За секоја постапка потрошувачот мора писмено да биде известен.

Потрошувачите, без разлика дали станува збор за домаќинства или деловни корисници, може да одберат дали ќе им се пресметува една единствена тарифа, или ќе користат двотарифен модел на евтина и скапа струја.

Истата можност ја нуди и Хрватска, каде една просечна плата може да покрие околу 45 сметки за струја.

Извор: Лидер

Advertisement