Во Мексико убиен уште еден новинар, 13. убиство на медиумски работник годинава

Убиен е новинарот Ернесто Мендез при пукање во бар во централно Мексико. Ова е 13. убиство на медиумски работник во земјата од почетокот на годинава, пренесе Бета.

Во нападот на барот на семејството на Мендез, убиени се уште две лица.

Гувернерот на сојузната држава Гванахуато, Диего Родригез Ваљехо го осуди нападот.

Мендез беше директор на локалното издание Ту Воз, или во превод „Твојот глас“.