- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Во Мјанмар затворени продавници, фабрики и банки

Мајнмар - Работник
210views

Продавниците, фабриките и банките во најголемиот град во Мјанмар, Јангон денеска се затворени откако најголемите работнички синдикати повикаа на затворање на економијата, како дел од протестот против воената хунта, која изврши воен удар на февруари 1 и ја собори владата на премиерката Аунг Сан Су Чи.

Очевидци изјавија дека виделе како полицијата пука во воздух на неколку локации во градот додека проверувале автомобили во центарот на Јангон за да спречат собирање на демонстрантите.

Демонстрантите сепак успеаја да се соберат во вториот по големина град Мјанмар, Мандалеј, но и во градот Маниви на запад, што се гледа од видеа објавени на Фејсбук.

Во крајбрежниот град Давеј, демонстрантите ги штитеше Националниот сојуз Карен, етничка вооружена група која долго време е во конфликт со армијата.