ЕкономијаМакедонија

Во октомври цените на угостителските услуги на ниво од септември

Во октомври цените на угостителските услуги - Работник
165views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2019 година, во споредба со септември 2019 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, остана на исто ниво.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.1 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.