ЕкономијаСветСветот на работникот

Во петок не работат: Овој град вовел четиридневна работна недела

Во петок не работат - Работник
52views

Властите на Одшеред, град во Данска, вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација.

Околу 300 вработени во општината Одшеред, од сега можат да го користат и петок како слободен ден.

Кристен Лунд Марквардсен, од општинската администрација рекла дека после долги разговори претставниците на градските власит одлучиле идејата за четиридневна работна недела конечно да ја спорведат во пракса.

Таа додала дека во градската управа сите веруваат дека на овој начин додатно ќе се мотивираат вработените да пружаат уште поквалитетни услуги на граѓаните, пренесуваат Независне новине.

„Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат додатен ден за одмор“, рекла Марквардсен, додавајќи дека општинските службеници од сега ќе работат 35 часа неделно.

Инаку, стандрадната работна недела во Данска трае 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се воодушевени од новиот начин на работа.

Одшеред е полуостров на северозападниот дел на островот Зеланд во Данска. Оддалечен е околу 100 километри од Копенхаген. Во градот моментално живеат околу 32,000 жители.