
Такси комората соопштила дека во договор со здруженијата и синдикатите одлучила да од понеделник 30 септември започне секојдневни протестни возења во Белград, како израз за незадоволството поради неспроведување на законот за превоз на патници.
Како што се додава во соопштението, радио центрите ќе прекинат со работа напладне, а протестните возења ќе се одвиваат од 13 до 15 часот на неколку локации во градот.
Таксистите велат дека на ваков потег ги принудило однесувањето на кабинетот на Премиерката и бројните министри кои, како што велат, под плаштот на дигитализацијата, лобираат за компании кои го кршат законот, на измамнички начин се бават со такси дејноста, не плаќаат ПДВ, ги фингираат завршните сметки и ја измамуваат јавноста за странските успеси.
Таксистите велат дека законите во Србија се почитуваат селективно и дека со протест сакаат да ги повикаат надлежните институции да ги почитуваат законите кои ги донеле.
Директорот на Институтот за европски работи Наим Лео Бешири на својот Твитер профил ја повикал Владата да застане на патот на такси картелите.
Vlada da stane na put taksi kartelu u Beogrdu! “Taksi komora saopštila je da je u dogovoru sa udruženjima i sindikatima odlučila da od ponedeljka, 30. septembra započne svakodnevne protestne vožnje u Beogradu, kao izraz nezadovoljstva zbog nesprovođenja zakona o prevozu putnika.”
— Naim Leo BEŠIRI (@NaimLeoBesiri) September 26, 2019