ЕкономијаСветСветот на работникот

Во ризик 25 милиони работни места во авиосообраќајот

Во ризик 25 милиони работни - Работник
79views

Може да бидат загрозени 25 милиони работни места поради падот на патувања, предупредуваат авиокомпаниите, додека Меѓународната асоцијија за авиосообраќај (ИАТА) побара итна помош од владите, бидејќи, како што вели, авиопревозниците немаат пари.

Од ИАТА рекоа дека глобалниот воздушен сообраќај е опаднат за 70 проценти на почетокот на вториот квартал, а европските летови се паднати за 90 проценти.

Авиокомпаниите ширум светот не можат да си дозволат поврат на пари за откажаните летови, како резултат на кризата со корона вирусот, рече Извршниот директор на ИАТА, Александер де Жуниак, додавајќи дека превозниците намето тоа издаваат ваучери, бидејќи на тој начин заштедуваат пари за да преживеат.

„Најважната работа за нас е да избегнеме да останеме без готовина, така што враќањето на билетите за откажаните билети е речиси финансиски неизводливо“, рече Де Жуниак.

Од организациите за заштита на потрошувачите доаѓаа лавина на критики за кршењето на регулатовите од страна на авиокомпаниите, поврзани со враќањето на парите на клиентите кои купиле билети во дефинирани рокови.

Од ИАТА истакнаа дека една третина од вработените во воздушниот сообраќај се или на принуден одмор или ги имаат изгубено своите работни места.