ЕкономијаСветСветот на работникот

Во словенечката фабрика на Рено отпуштени повеќе од 400 работници, најголем дел од Хрватска

Во словенечката фабрика - Работник
51views

Во словенечката фабрика Ревоз која произведува автомобили од марката Рено, договорите нема да бидат продолжени за повеќе од 400 работници поради корона кризата.

Меѓу нив се 90 отсто работници од Хрватска пишува „Јутанњи лист“ повикувајќи се на портпаролката на Ревоз, Невенка Башек Зилџовиќ.

Најголемата словенечка компанија со седиште во Ново Место која има француски сопственик, вработува околу 3,200 работници, а одлуката за отказите ја донела поради силното опаѓање на побарувачката, односно состојбата на пазарот на автомобили во светот, што е директна последица на кризата предизвикана со вирусот Ковид – 19, наведуваат од управата на фирмата.

Први на удар ќе бидат работниците кои се вработени на определено време преку агенции за вработување, а освен домашната работна сила и работниците од Хрватска, има и државјани од Босна и Херцеговина.

Поради епидемијата на ковид – 19, Ревоз од среднината на март го запрел производството на шест недели, а работењето на погоните е обновено на почетокот од мај. Во Ревоз се произведуваат моделите клио, твинго и електричен смарт форфор. Словенечкиот пазар може да апсорбира возила произведени во 24 часа кои се наменети за пазарите во Франција, Германија и Италија.

Со укинувањето на третата смена, производството ќе падне за 150 автомобили и ќе се намали за повеќе од 600 автомобили дневно, пренесува Јутањи.