ПравдаСветСветот на работникот

Во Словенија се влошува ситуацијата, сите лекари и сестри се повикани да се вклучат во борбата со Ковид-19

Во Словенија се влошува ситуацијата - Работник
87views

Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбата против епидемијата со ковид-19, бидејќи се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а не се доволни медицински работници.

Претседателот на Словенечкото медицинско здружение и претседавач со одборот за координација на медицинските институции Радко Комадина изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и оти се влошува ситуацијата.

-Податоците од здравствените институции покажуваат дека располагаме со доволем број најважни медицински апарати, како што се респираторите, но од друга страна ни недостига квалификувани медицински работници кои знаат да ја користат таа технологија, посочи Комадина.