Во Србија повеќе од половината вработени во аграрот се „неформални“
Според податоците од анкетата за работна сила во првиот квартал од 2024 година, бројот на вработени изнесува 2.871.700, бројот на невработени 299.100, додека бројот на лицата надвор од работната сила изнесува 2.475.700, објави Републичкиот завод за статистика.
Како што се наведува во соопштението, во однос на истиот период лани, бројот на вработени е зголемен за 61.600, а бројот на невработени е намален за 14.500. Исто така, корпусот на неактивното население е намален за 76.700 лица. Стапката на вработеност изнесува 50,9 отсто и бележи пораст од 1,4 процентни поени, а стапката на невработеност падна на 9,4 отсто (за 0,6 проценети поени).
Стапката на население надвор од работната сила изнесува 43,8 отсто и е намалена за 1,2 процентни поени во однос на првиот квартал од минатата година. Ако се споредат податоците со четвртиот квартал од минатата година, бројот на вработени е зголемен за 27.500, а бројот на невработени за 14.400. Затоа бројот на неактивни лица е намален за 51.800. Вкупната стапка на неформални вработувања изнесува 12,1 отсто, при што стапката на неформално вработување во земјоделскиот сектор е 50,5 отсто и 6,5 отсто во неземјоделските сектори. Во категоријата жители на возраст од 15 до 24 години работат само 32,5 отсто, додека стапката на млади надвор од работната сила изнесува 67,5 отсто. Во првиот квартал бројот на вработени и невработени е изедначен, по 24,5 отсто.
Фото: EPA