Во Србија ќе се поместува родителското отсуство

Министерката за грижа за семејства и демографија на Србија Дарија Кисиќ изјавила дека се размислува за поместување на точката од која се пресметува родителското отсуство.

„Идната мајка денес го отвора родителското отуство 28 дена пред терминот за раѓање, но искуството покажало дека настанува проблем кога после 11 месеци од раѓањето на детот треба да се врати на работа“, рекла таа за Вечерни новости.

Истакнала дека „во пракса, сега, голем број на жени бараат начин да го продолжат отсуството“, како и земаат дополнително боледување.

Навела дека ресорното министерството тоа сака да го реши системски. „Планираме да им излеземе во пресрет и на мајките и на предвреме родените бебиња кои повеќе месеци поминуваат на неонатологија така што ќе им, да речеме, го продожиме тој период колку што детето им е во болница“, рекла Кисиќ.

Извор: Beta

Фото: Unsplash, Beta