МакедонијаСиндикат

Во Струмица ниту средните, ниту основните училишта не примаа ученици- и првачињата останаа дома

Во Струмица ниту средните, ниту основните училишта не примаа ученици- и првачињата останаа дома-работник
270views

Просветните работници во Струмица го подржаа  предупредувачкиот штрајк, организиран од страна на Синдикатот за образование, наука и култура .

Пресинг ТВ дознава  дека во Струмица денеска не работат ниту основните ниту средните училишта. Наставничкиот кадар не одржа настава  со цел  поддршка на СОНК. Не ги примилие ниту првачињата.

Инаку премиерот Зоран Заев,  кој во неколку мандати беше градоначалник на Струмица , се обрати преку Фејсбук по повод стартот на учебната година  и порача:

Ние ќе ја продолжиме грижата за образованието и за стандардот на наставниците. Државата вложува во образовниот кадар и во децата, а тој влог ќе расте во иднина, напиша Заев на Фејсбук.

Целиот тескт можете да го преземете тука