ЕкономијаМакедонија

Во текот на зимата треба да започне изградбата на новиот Клинички Центар

Во текот на зимата - Работник
182views

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје, како и Информацијата за започнување на реализацијата на новиот Универзитетски Клинички центар.

Министерствата за финансии и за здравство се задолжени да отпочнат преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA. Завршена е фазата на утврдување најповолна понуда на кредит. Министерството за здравство, како договорен орган, треба да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, даден е рок од 30 дена, во кој тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата, пишува Кариера.МК.

Целосниот текст можете да го прочитате тука