Занимливости

Во Туркменистан забранет зборот „коронавирус“

118views

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.

Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции.

За граѓаните кои надвор се движат со маски и зборваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.

Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек односно со растението див седеф (Peganum harmala). Тој наредил растението да се користи за дезинфекција на јавните меставо државата. .

Во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот корона вирус.

Извор: Сител