Во Франција повик за нов масовен штрајк во училиштата

Осум француски синдикати на просветните работници, после минатонеделната голема мобилизација, повикале на нови штрајкови сметајќи дека е недоволна ветената помош од Владата во борбата против коронавирусот во училиштата, пренеле медиумите и навеле дека штрајковите се закажани за 20 и 27 јануари, пренесува РТЦГ. 

Радиото Франс Ентер (France Inter) пренел денеска дека училиштата се соочуваат со деца заразени од коронавирусот како и со заразени просветни работници на кои не им е обезбедена замена, поради што многу деца не посетуваат настава. 

Во заеднички повик, синдикатите сметаат дека Владата не направила доволно за борбата против коронавирусот, иако од протестот одржан минатиот четврток министерот за образование Жан – Мишел Бланкер највил набавка на пет милиони заштитни маски од типот ФФП2 за просветните работници, пренел весникот Паризијен. 

Бланкер, покрај маските најавил и вклучување на 8,000 нови просветни работници кои ќе работат по договор до крајот на учебната година, но синдикатите тоа го оценуваат како недоволно. 

Многу просветни работници ширум Франција се жалеле дека не ги добиле ветените маски, а некои изразуваат сомнеж во доаѓањето дополнителните 8,000 просветни работници истакнувајќи дека и пред коронавирусот имало проблем поради недостиг на работници. 

Претставничката на синдикатот SNES – FSU Софи Венитите, во изјава за радиото Франс Енфо (France Info) рекла дека целта на активностите е „да се направи видлив фактот дека има уште многу прашања кои треба да се решат“. 

„Штрајкот на вработените и сите актери во образовната заедница може да има големо влијание“, навела таа. 

Според наводите на синдикатите, минатата недела штрајкувале 75 % од просветните работници во градинките и основните училишта, додека властите навеле дека во основните училишта штрајкувале 38,5 % од вработените. 

До штрајк доаѓа помалку од три месец пред првиот круг на претседателските избори во Франција закажани за 10 април. Дел од опозицијата побатала смена на Бланкер и ја критикувала работата на Претседателот Емануел Макрон кој и покрај сите тие критики, во анкетите е фаворит на изборите, иако се‘ уште официјално се нема кандидирано. 

Извор: RTCG

Фото: Beta/AP