ПравдаСветСиндикат

Во Франција продолжуваат штрајковите против пензиската реформа

Во Франција - Работник
175views

Во бројни градови на Франција вчера имало протести и штрајкови на граѓаните кои се противат на владниот план за реформа на пензискиот систем, пренесува Анадолија. 

Конфедерацијата на труд на Франција (ЦГТ) соопштила дека голем број на демонстранти се очекуваат во Париз, но и во другите поголеми градови во државата.

На протестите се очекува и учество на поголемите синдикати кои ги претставуваат, помеѓу останатите, просветните работници, адвокатите, комуналните и останатите работници кои уште еднаш повикале на заеднички настап и солидарност.

Предлог законот за пензиската реформа се наоѓа во Народното собрание, каде ќе биде разгледуван оваа недела, пренесува Анадолија.

Според анкетите, околу 75 отсто од Французите се противат на пензискиот систем или бараат на таа реформа да и се направат измени.

Штрајкот сериозно го пореметил возниот ред на железничкиот, автобускиот, поморскиот и авио – превозот, бидејќи компаниите работат со намалени капацитети.

Најавениот владин план за реформа во пензискиот систем во Франција беше повод за протести и штрајкови кои започнаа на 5 декември минатата година.

Администрацијата на францускиот претседател Емануел Макрон со новиот план заговара висината на пензиите да се пресметува на основа на износот на платите кои работниците ги имале во текот на целата кариера, а не на основа на платите од последните пет години од работната кариера. Синдикатите тврдат дека тоа ќе резултура со значајно помали пензии за идните пензионери.

Планот на Макрон предвидува и измени во критериумите на барањата на различните професии, што ќе го одземе правото на предвремено пензионирање на работниците од повеќе сектори, вклучувајќи ја и јавната служба.