ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Во Холивуд е договорен пандемиски протокол за да се стартува филмската машинерија

Во Холивуд е договорен -Работник
52views

Холивудските синдикати постигнале спогодба за пртоколите за пандемијата со главните студија кои ќе овозможат повторно започнување со производството на филмови и телевизиски серии после шест месеци на застој и се поголема невработеност. 

Синдикатот на сценаристите, Меѓународното здружение на вработените во театрите, Американската федерација на телевизиски и радио уметници, заеднички објавиле дека е постигната спогодба со Здружението на продукценти и телевизиски програми (АМПТП), после шестмесечните планирања и преговарања. 

Спогодбата вклучува задолжителна употреба на лична заштитна опрема и тестирање на актерите и останатите членови на филмската индустрија, како и супервизори за коронавирус кои ќе го надгледуваат сето тоа. 

Предвиден е „зонски систем“ кој строго ги ограничува контактите меѓу актерите на сетовите. Таму каде што е неопходен поголем број на луѓе тестирањето ќе биде почесто заедно со заострени хигиенски мерки. Особено ќе се тестираат актерите бидејќи нивната работа не дозволува многу заштитни мерки. Спогодбата предвидува и 10 дена платено боледување на заразените од Ковид-  19 кое може да се користи после позитивните тестови или во случај на неопходен карантин. Вработените после боледувањето мораат да бидат вратени на работа се додека траат нивните работни обврски. 

Филмската индустрија во САД претрпела големи финансиски загуби поради пандемијата од коронавирусот. Некои филмски и телевизиски продукции веќе продолжиле да работат по постигнатата спогодба, но поголемиот дел повеќе пати го одлагале враќањето на работа, чекајќи пандемијата да попушти и да се постигне овој договор.