ЕкономијаСветСветот на работникот

Во Хрватска и БиХ се најавува намалување на платите во јавниот сектор

Во Хрватска и БиХ - Работник
129views

За разлика од Србија, каде на вработените во здравството платите ќе им бидат зголемени за 10 отсто, во Хрватска и БиХ се највува намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 проценти.

Земјите во регионот по појавата на корона вирусот презеле разни мерки за спас на економијата, меѓу кои е и намалувањето на платите во јавниот сектор.

Министерот за економија на Хрватска, Дарко Хорват рекол дека доколку другите методи не помогнат во време на кризата од корона вирусот и платите во јавниот сектор мораат да бидат намалени.

И во БиХ, федералниот премиер Фадил Новалиќ вчера порачал дека смета да во кризата од корона вирусот на сите треба да им се намалат платите.

„Секако дека сметам дека на сите треба да им се намалат платите. Доколу треба да се започне од највисоките функционерите, немам проблем со тоа. Некои одлуки треба да ги донесе Парламентот, некои Владата. Платите треба да се намалат – започнувајќи од мојата“, рекол Новалиќ, пренел порталот Кликс.