ЕкономијаСветСветот на работникот

Во Хрватска оваа година ќе работат десетици илјади странци, досега има 19,000 слободни работни места

Во Хрватска оваа година - Работник
181views

Според податоците на Хрватскиот завод за вработување работодавачите во оваа земја имаат издадено огласи за 19 илјади слободни работни места, а само во минатиот месец барање за издавање на работна дозвола поднеле околу 4,500 странци.

Дури оваа година вработеноста во Хрватска би можела да се приближи до нивото кое е забележано во 2008 година, пред влегувањето во рецесијата, кога во оваа земја се работело, односно се плаќале придонеси за 1,6 милиони граѓани, пренесува Хина.

Понудата за работни места по правило е најмала во зимските месеци, но пазарот започнува да се буди веќе од февруари кога започнува посилна побарувачка за работниците во земјоделството, градежништвото и туризмот.

На државната берза моментално има издадено огласи за околу 19 илјади слободни работни места, а гужви има и на одделите за странци во рамките на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, каде во текот на јануари се примени околу 4,500 барања за издавање на работни дозволи за странци.

Најмногу барања пристигнале за работа во градежниот сектор, околу три илјади, додека за работа во туризмот пристигнале околу 700 молби.

Во Хрватска оваа година би можеле да работат стотици илјади странци. Како што базенот на работната сила во соседните држави станува се поплиток, од Азија пристигнуваат поголем број на работници.