СветСветот на работникотСиндикат

Во Хрватска при штрајкот и протест на просветните работници

Во Хрватска при штрајкот и протест на просветните работници - Работник
172views

Штрајкот на просветните работници во Хрватска денеска продолжи во уште четири жупании: Вараждинската, Истарската, Копривничко – кижевачката и Карпинско – загорската жупанија.

На Марковиот плоштад, каде е седиштетото на Владата на Хрватска, ќе се одржи синдикално културно – уметничка програма, истакнале двата образовни синдикати.

Имено, при прес – конференцијата ќе настапи и синдикалниот „бенд еид школа за живот“ кој ќе ја покаже својата креативност, пренесува Ал Џезира.

Потсетуваме, во Хрватска веќе десет дена се одвива штрајкот на просветните работници, а вон училниците се 92,37 отсто од вработените во средните училишта.

Синдикатите и понатаму стојат зад барањето за зголемување на коефициентите на сложеност на дејноста на 1,406 истакнувајќи дека и покрај најавеното зголемување на платите на јавните и државните службеници за 6,12 отсто, што го најавил Премиерот Андреј Пленковиќ, просветните работници и понатаму ќе заостанат зад другите јавни службеници.