- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Во Хрватска се појавиле помалку од два отсто од учениците на првиот ден по продолжувањето на школската година

Во Хрватска се појавиле - Работник
275views
На првиот ден од продолжувањето на школската година во Хрватска се појавиле помалку од два отсто од учениците, покажала анализата на Синдикатот на хрватските учители.

Анализата спроведена на повеќе од 550 примероци покажала дека во училиштата дошле 1,77 отсто од учениците.

Најмногу ученици дошле во училиштата во Задарската жупанија – 3,90 отсто, односно 262 ученици од вкупно 6,714, а најмалку во Истарската жупанија, каде од 7,643 ученици не се појавил ниту еден.

Advertisement

Коментирајќи ги бројките, синдикатот на хрватските учители порачал дека ресорното министерството води „кампања – немојте да ги испраќате децата во училиште, во која, како што велат, вклучена е и самата министерка Блаженка Дивјак, пренела загрепската ТВ Н1.

Advertisement
Advertisement