
Предлог законот за труд на црногорската Влада предвидува дека во иднина работниот однос ќе се заснова без огласување на слободните работни места, освен во претпријатијата или установите кои се во државна или во сопственост на локална самоуправа, вели Министерот за труд и социјален систем, Кемал Пуришиќ.
„Во тие ситуации рокот за огласување ќе трае три дена, со што ќе се скрати. Законот предвидувал 50 -тина случаи каде ќе раскинува работниот однос без водење на дисциплинска постапка, по скаратена процедура“, рекол Пуришиќ, јавува порталот Цдм.
Додава дека предлог законот има повеќе од 40 норми отколку постоечкиот и дека речиси 85 осто од постечките норми се изменети.
Според неговите зборови, траењето на договорот за работа на одредено време е продолжен на 36 месеци од досегашните 24 месеци.
Предвидува и засновање на договор за работа вон просториите на работодавачот – работа на далечина, работа од дома и работа во домаќниство како посебен вид на договор за работа, потоа склучување на договор преку Агенциите за привремено вработување, но не подолго од 24 месеци.
Според новиот предлог, вели Пуришиќ, годишниот одмор како неприкосновено право на вработениот не може да се замени со новчан додаток.