ПравдаСветСветот на работникот

Во Шведска откриен коронавирус меѓу работниците на фарми за нутрии

Во Шведска откриен коронавирус - Работник
32views

Властите го анализираат вирусот од заразените лица и заразените нутрии за да испитаат дали има врска помеѓу соевите, се вели во соопштението на здравствената агенција.

Тие не прецизираа колку луѓе биле позитивни на тестот.

Соседна Данска претходно денеска соопшти дека „најверојатно“ се појавил нов, мутиран вид на коронавирус што доаѓал од фарма за нутрии.

Сите нутрии одгледувани на фармите во Данска се убиени поради ширењето на инфекцијата кај животните и откривањето на мутираниот вид, за кој властите велат дека покажал намалена чувствителност на антитела, зголемувајќи ги стравувањата дека може да ги загрози вакцините.

Бројот на нутрии во Шведска е значително помал од оној во Данска, која е меѓу земјите со најголем број од овие животни во светот.

Како и во земјите како САД, Шведска открила коронавирус на неколку фарми, иако властите соопштиле дека не е откриено дека нутриите имаат мутиран вид каков што бил забележан во Данска.