ЕкономијаМакедонија

Во јули просечната плата изнесувала 25,104 денари

Во јули просечната плата изнесувала 25,104 денари - Работник
176views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25, 104 денари.