ЕкономијаСветСветот на работникот

Во Њујорк и Лос Анџелес затворени рестораните и кафулињата

109views

Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот корона вирус.

Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или, пак, граѓаните ќе можат да ја земат храната пред објектот.

Не е прецизирано колку ќе трае таквата мерка.

Се очекува повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк да затворат до вторник до девет часот, а според податоците на националното здружение, рестораните остваруваат повеќе од 51 милијарда годишен приход и имаат над 800.000 вработени.

Мерката за затворање на центрите за рекреација во Лос Анџелес стапува во сила на полноќ и ќе трае до 31 март, со можност за продолжување.

Извор: Лидер