Македонија

Вработените во администрација ќе чистат јавни површини на 14 декември

Вработените во администрација - Работник
513views

Над 40.000 буџетари ќе го чистат ѓубрето од јавните површини. Акцијата на 14 декември, сабота, ќе се спроведе заедно со иницијативата „Не биди ѓубре“. На тој начин, административците ќе го одработат минатиот 2 јануари, ден кој беше прогласен за неработен. Локациите каде ќе се чисти се уште не се одредени, па буџетарите дополнително ќе бидат информирани.

– Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните дека ќе ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата. Поради природата на работата, вработените во здравствениот и образованиот сектор, градинките, како и оние вработени чија природа на работата не дозволува отсуство од работентие места ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ги чистат околините на своите институции или на друг соодветен начин кој што ќе го договориме, вели Манчевски.

Буџетарите кои ќе бидат дел од акцијата ќе добијат и соодветен алат за чистење на локациите. Манчевски побара во акцијата да се приклучат и општините и нивните вработени. Се надева оти оваа акција ќе стане традиционална и административците почесто ќе придонесуваат во чистење на животната средина.

Инаку, според програмата на неработни денови за следната година која ја објави Труд и Социјала, 2 јануари нема да биде неработен ден како лани.

Извор: Сител