ЕкономијаСветСветот на работникот

Вработените во Амазон штрајкуваа за време на денот на најголемата распродажба

Вработените во Амазон штрајкуваа - Работник
89views

Вработените во магацините на Амазон во Минесота, САД штрајкуваа за време на еден од најголемите денови за продажба на компанијата. Тие побараа од компанијата да ги намали продуктивните квоти, да ги претвори привремените работници во работници на полно работно време и да посвети повеќе време на безбедноста на работниците.

Работниците во Шакопи, Минесота, што се наоаѓа јужно од Минеаполоис, вчера штрајкуваа шест час и одржаа собир пред магацинот на Амазон, на првиот ден од днводневдната голема распродажба. Штрајкот, за кој Блумберг извести минатата недела, сигурно нема да има големо влијание врз бизнисот на Амазон, бидејќи компанијата има повеќе од 100 магацини во САД. Но, тој е уште еден пример за тоа дека работниците на корпоративно и технолошко ниво изразиле волја гласно да зборуваат против работодавачите. Иницира и дека минатогодишното ветување Амазон, за тоа дека ќе ја зголеми минималната плата на 15 долари, не е доволно за работната сила да биде среќна засекогаш.

„Работните места треба да бидат безбедни, сигурни, за да можат работниците да се потпрат на нив“, рече Вилијам Столз, еден од штрајкувачите. Столз кој во Амазон работи две години додаде дека: „Многу е ментално и физички стресно“.

Организаторите првобитно проценија дека повеќе од 100 луѓе ќе влезат во штрајк, но точната бројка не се знае. Штрајкувачите беа придружени од страна на инжинерите на Амазон, од Сиетл.