Вработените во германското здравство мораат до 15 март да бидат вакцинирани или можат да добијат отказ

Пандемискиот пропис 2г стапува на сила на 15 март за вработените во здравството во Германија. Тоа значи дека тие потоа ќе мораат да докажат дека се вакцинирани или дека го прележале коронавирусот. Секој без потврда мора да смета на тврда реакција, од опомена до отказ. За поголемиот дел од работните места во Германија важи прописот 3г, кој дозволува влез и на работниците со нов негативен тест. Поострото правило ќе важи за лекарите, медицинскиот и останатиот персонал во здравствените установи и домовите за нега, од портир до готвач. 
Вработените кои од 15 март ќе дојдат на работа без адекватна потврда нема да можат да ја работат својата работа, па после опомената можат да добијат и отказ. Работодавачите истовремено ќе мораат овие работници да ги пријават на здравствените власти.
Прекршителите можат да добијат казна најмногу до 2,500 евра. 
Целта на мерката која практично ја наметнува обврската за вакцинација на вработените во бранашата е подобра заштита на пациентите и штитениците на негувателските домови. 
Германското здружение на лекари со приватна пракса оценува дека ограничувањето нема да погоди премногу вработени во тој сектор. 
„Огромен број на лекари и персонал во приватните ординации веќе се вакцинирани, колку поради сопствена заштита, толку и за заштита на пацинетите“, рекол претседателот на ова здружение, Урилх Вајгелт за германските медиуми. 

Извор: dpa

Фото: Beta/AP