ЕкономијаМакедонијаПравда

Вработените во казината и обложувалниците сакаат да бидат дел од Законот за игри на среќа

Вработените во казината и обложувалниците - Работник
205views

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бара учество во процесот на изнаоѓање соодветно решение за Закон за игри на среќа.

„Со месеци сме предмет на жестока негативна кампања со која игрите на среќа треба да се претстават во јавноста како „дувла“ на беззаконие и како извор на зло за младите генерации. Тргнувајќи од фактот дека во објектите на сите категории игри на среќа сме вработени околу 7 700 луѓе, индиректно се засегнати најмалку 23 000 граѓани, кои преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 000 работни места,во интерес на вистината и реален приказ на состојбите во оваа дејност одлучивме да се организираме во Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.Како една од најуредените професии во земјата, ги уживаме сите права од работниот однос, ни се плаќаат и прекувремени часови и работа на празници. Се е 100% законски. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца,и никогаш не би се согласиле да работиме нешто што им прави штета на младите, бидејќи така работиме и против сопствените деца“, велат од Здружението, пишува 24инфо.

Целосниот текст можете да го прочитате тука