ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Вработените во Ролс – Ројс без БОРБА нема да ја препуштат фабриката

Вработените - Работник
102views

Работниците во фабриката на произведувачот на авионски мотори Ролс – Ројс, на северот на Англија, од петокот се во тринеделен штрајк поради преселувањето на делот на производството во Сингапур.

Фабриката Барнолдсвик во Ланкешер, каде се произведуваат перки за турбините, „ е родно место на авионските мотори и висококвалификуваната работна сила нема да ја препушти без борба“, рекол Рос Квин, локален синдикален претставник.

Во август оваа мултинационална индустриска група објавила дека има намера да го пресели своето производство на перки за турбини на авионските мотори во Сингапур, со што би се затвориле 350 до 550 работни места и би го загрозило опстанокот на оваа историска фабрика која е во сопственост на Ролс – Ројс од 1943 година. 

Синдикатот го критикува Ролс – Ројс што бара од британската влада финансиска помош од милијарда фунти поради кризата во воздухопловниот сектор предизвикана од пандемијата, а компанијата на почетокот од октмоври го најавила и планот за докапитализација од пет милијарди фунти. 

Ролс – Ројс, втор по големина произведувач на авионски мотори во светот, веќе презел низа на мерки обидувајќи се да ја „преброди бурата“, вклучувајќи го и најголемото реструктуирање во својата историја, со укинување на 9,000 работни места, од кои повеќе од 3,000 се во Велика Британија.