- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година

Додека трае пандемијата- Работник
269views

Компанијата Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до јули 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролката на социјалната мрежа.

Таа додаде дека Фејсбук ќе им даде на вработените 1.000 долари за работни потреби од дома.

Advertisement
Портпаролката на Фејсбук наведува во соопштение  дека компанијата се одлучила на овој потег врз основа на упатства од здравствени и владини експерти, како и на одлуки донесени врз основа на внатрешни дискусии во компанијата.

Компанијата објави дека ќе продолжи со отворање канцеларии со ограничен капацитет таму каде што е дозволено според владините упатства и каде слабеењето на вирусот е забележано околу два месеца.

Advertisement

Advertisement
Advertisement