Наука

Вработените губат на тежина, ако на работа се забранат газирани пијалаци

Вработените губат на тежина - Работник
118views

Забраната за продажба на засладени пијалаци на работа може да биде еден од начините да им се помогне на вработените да консумираат помалку од тие пијалаци и да изгубат на тежина, покажува неодамнешното истражување.

Научниците следеле 214 вработени на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско (УЦСФ) откако била забранета продажбата на засладени газирани пијалаци на работа. На почетокот на студијата испитаниците консумирале просечно литар засладени пијалаци дневно.

 Просечниот опсег на струкот се намалил за 2,1 сантиметар.

Шест месеци откако забраната за продажба стапила на сила, паднала консумацијата на засладените газирани пијалаци, спортските и енергетските пијалаци како и оние со овошни вкусови и флашираните кафиња и чаеви на пола литро дневно.

Просечниот опсег на струкот на испитаниците во текот на студијата се намалил за 2,1 процент.

„Бевме воодушевени што откривме дека луѓето вложуваат напор да внесуваат помалку течен шеќер и што подеднакво го намалиле неговото внесување и на работа и дома“, рече Елиса Епел, потпретседателка на Одделот за психијатрија на УЦСФ.

„Не ја намаливме само продажбата, туку и ги научивме луѓето зошто да го намалат консумирањето“, вели Епел. „Тие знаат дека засладените пијалаци влијаат на здравјето на цревата, дури и кога немаат прекумерна тежина.

 Едукација на вработените

Сите испитаници биле опфатени со забраната за продажба на засладени пијалаци, а половина од нив имале состаноци со стручњаците за да им се објасни колку шеќер има во тие пијалаци и како да се постават целите за намалување на засладените пијалаци во текот на првите шест месеци од забраната за продажба.

Со додатни информации и поддршка, луѓето го намалиле внесувањето на газирани пијалаци на просечно 0,7 литри дневно во споредба со оние кое биле изложени само на забраната за продажба и кои ја смалиле конзумацијата за само 0,25 литри дневно.

Меѓу луѓето кои имале прекумерна тежина просечната дневна консумација на засладени пијалаци се намалила на 0,2 литри после забраната на продажбата.

Просечната возраст на испитаниците била 41 година, а половина од нив имале прекумерна тежина.

Резултатите сугерираат дека работодавачите можат да им помогнат на луѓето во одбирањето на поздрав начин на живеење, што сами по себе тешко би го постигнале тоа, вели Лара Шмит, авторка на студијата и професорка на Медицинскиот факултет на УЦСФ.