Правда

Вработените на Гугл планираат да се приклучат на протестот против климатски промени

Вработените на Гугл планираат - Работник
150views

Вработените во Гугл планираат да се придружат на нивните колеги од Амазон и Мајксофот во протестот кој ќе се одржи во петок, против индустриите за фосилни горива како дел од Глобалниот Климатски штрајк.

Глобалниот Климатски штрајк е протест за климатските промени закажан во околу 150 држави од 20 до 27 септември, коинцидирајќи се со Самитот за климатски акции на Организацијата на Обединетите Нации кој ќе се одржи 23 септември. Преку протестите демонстрантите ќе побараат „климатска правда за сите“, како и да се стави крај на фосилните горива.

„Мораме да дејствуваме веднаш за да го сопреме согорувањето на фосилните горива и да осигураме рапидна енерегетска револуција со еднаквост, реперација и климатска правда“, пишува во изјавата на веб страната на Глобалниот Климатски штрајк.

И покрај прогресивното гледиште на климатските промени, Гугл се соочи со критики во последните години за партнерствата со нафтените и гасовни компании, во обид да ја употреби технологијата за да помогне во автоматизацијата на иднустријата. Компанија воспостави и нафетена, гасовна и енергетска дивизија. Вол стрит журнал ја опиша оваа дивизија како „дел од новата група креирана од Гугл за да направи терен во нафтената и гасовната индустрија“. Мајкрософт и Амазон воспоставија слични партнерства.

Џек Кели кој ја води непрофитната организација Open Climate Fix и е поранешен истражувачки инжинер во Гугл, на твитер напишал:

„Мило ми е што се случува ова. Партнерството на Гугл од оваа индустрија ме натераа да го напуштам Гугл“.

Претстојниот протест настана помалку од една година, откако повеќе од 26,000 работници на Гугл протестираа против одлуката на компанијата да му исплати сума од шест бројки на директор кој бил обвинет за сексуално насилство. Можно е да, како што големите технолошки компании продолжуваат да гледаат како своите вработени се приклучуваат во активизмот, вработените во Силиконската долина да ги изразат своите филозофски и политички ставови против ваквите компании, без притоа да имаат последици.