ЕкономијаСветСветот на работникот

Вработените на Гугл ќе работат од дома до следниот јули

Вработените на Гугл ќе работат од дома - Работник
99views

Изгледа дека пандемијата на коронавирусот ги изненадила сите кои сметале дека ќе се стиши за време на летото и дека вирусот конечно ќе исчезне. Меѓутоа, поради повторното враќање на глобалниот бран на зараза, големите светски компании пополека носат се поважи мерки за да ги заштитат своите вработени и нивните семејства. Во врска со ова, Гугл објавил дека нивните 200,000 работници до јули 2021 година ќе работат од дома.

Сундар Пичаи, извшрен директор на Алфабет, објавил дека Гугл планира да задржи на работа од дома околу 200,000 вработени на определено време, најрано до јули 2021 година. Други технолошки компании најавиле долгорочни планови за задржување на вработените на работа од дома поради пандемијата од коронавирусот, но засега Гугл е едниствен кој го реализирал ова.

Гугл и претходно ги објавил плановите за отворање на некои канцеларии за ограничен број на вработени започнувајќи од 6 јули, но физичкото враќање во канцелариите го направил да биде по избор на работниците. Компанијата донела одлука за работа од дома на една година, за да можат да им овозможат на своите вработени да го организираат живтот на нивните семејства и да можат подобро да ги испланираат своите активности.