ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Вработените на „Крушик“ најавиле штрајк доколку не им биде исплатен остатокот од платите

Вработените на „Крушик“ - Работник
163views

Работниците од фабриката Крушик во Србија ја примиле аконтацијата за јануари која, вообичаено, морала да биде испплатена на средина од месецот, односно на 14 февруари.

Вториот дел од јануарските плати, според ветувањето кое директорот Лукиќ вчера го дал на претставниците на четирите репрезентативни синдикати – ќе биде исплатен во петок на 28 февруари.

„Раководството на сите четири синдикати се усогласило дека одлуката, доколку другиот дел на платата не биде исплатен на вработените, до петок 28 февруари, официјално ќе побараат оставка од генералниот директор на фабриката Владан Лукиќ и дека ќе ја радикализираат синдикалната борба, што подразбира и организирање на протести и штрајкови“, рекле синдикатите.

Велат дека не знаат од каде раководството на фабриката, чија сметка веќе три години е блокирана, успеала да набави пари за исплата на јануарските плати, но, „основано претпоставуваат дека парите ги обезбедила државата, како и дека за возврат Крушик ќе мора да „одработи некоја работа за Војската на Србија“. Директорот Лукиќ, додаваат дека најавил дека платите на вработените во иднина ќе бидат исплаќани редовно. Синдикалците веруваат дека ветувањето на Лукиќ ќе трае до претстојните избори.