МакедонијаНовостиСиндикат

Вработените од ФЗО од денеска стапуваат во штрајк

   Време за читање 2 минути

Од денес Фондот за здравствено осигурување ( ФЗО) стапува во штрајк. Ќе се работат само итните случаи а за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици на фондот. Од синдикатот испратија соопштение каде им се заблагодаруваат на граѓаните за нивната подршка.

– “Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите“, велат од Синдикатот при ФЗО.

Пред да стапат во штрајк вработените се собраа пред просториите на Фондот каде го изразија своето незадоволство

– “Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент“, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.

Од Министерството за финансии потоа појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот.

– “Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година“, посочуваат од Министерство за финансии.