КолумниНовости

Вработените се всушност иселени, а платите растат само на хартија

   Време за читање 2 минути

Автор: Бобан М. Илијевски 

Премиерот Димитар Ковачевски денескаденеска се пофали дека се зголемиле платите и дека се намалила невработеноста. Сигурен сум дека голем дел од народот не би се согласил со овие тврдења, но нека им биде. Научени се да живеат во научна фантастика.

Ајде сега вака. За да се пофалиш дека се зголемиле платите, прво треба народот да може со истите да ги покрие основните трошоци на живот. Со оглед на тоа дека тие се сѐ уште далеку повисоки од платите, најголемиот дел од народот не може да ги покрие. 

Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, синдикалната минимална кошница во септември изнесувала 48,379 денари. Во реалност, трошоците се далеку повисоки од овие, бидејќи само за сметки оди половина плата. Да не зборуваме јадење, пијалаци, здравствени потреби итн. Најголемиот дел од граѓаните земаат или минимална или средна плата (која изнесува околу 25,000), не просечна од 37,000 денари. 

И покрај тоа, нашиот ни премиер го зема предвид растот на просечната плата кој воопшто не е реален. Според инфографикот кој во јуни месец оваа година го објави регионалната телевизија Н1Н1, а во кој се покажуваат вистинските вредности на просечните плати во регионот, вели дека иако во март просечната плата во Македонија номинално пораснала за 12%, таа реално била за 2,0 % пониска од истиот период минатата година. Затоа потребно е предвид да се зема средната плата која е далеку пореална од просечната. 

Е сега да преминеме на невработеноста.

Во обраќањето пред речиси 500 претставници на деловната заедница, премиерот Ковачевски рече: 

„Стапката на невработеност, пак, во 2016 година беше речиси 24 % за денес да е на ниво под 14 %. За една година, имаме зголемена вработеност од 9,5 % во државата”. 

Клучното прашање што треба да се постави тука е: Дали намалувањето на невработеноста се должи на вработувањето или иселувањето на граѓаните? Јас мислам дека е како резултат на второто. Сметам дека нема потреба да се каже било што друго. 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера