ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Вработени во оваа компанија никогаш нема да работат во канцелариите пет дена во неделата

Вработени во оваа компанија - Работник
110views

Директорот на компанијата Унилевер, една од најголемите компании во Велика Британија, рече дека неговите канцелариски работници нема никогаш да работат во канцелариите пет дена во неделата, пренесе Гардијан. Неговата изјава следува по најновата индикација за тоа дека коронавируост ќе го трансформира модерниот свет на работата. 

Алан Џоп, извршниот директор на Групата за консумирање на добра, рече дека компанијата ќе ги охрабри вработените да примат вакцини против Ковид – 19, но нивното примање нема да биде обврзувачко. Вработените кои ќе одбијат да ја примат вакцината, ќе бидат обврзани да се тестираат. 

Џоп истакнал дека компанија ќе бара различни начини на работа, откако увидел дека во текот на пандемијата може да се адаптира и да направи големи промени, многу побрзо отколку што мислел. 

Унилевер, третата највредна компанија на Лондонската берза е произведувачот на брендовите, како Дове сапунот, сладоледот Бен енд Џери и Мармајт. Ги поседува и Хелманс, Кнор, Липтон и Персил. 

Пандемијата ги натера вработените во канцелариите да работат од дома во поголемиот дел на главните маркети на Унилевер, во Велика Британија и САД. Вработените во фабриките во многу економии беа исклучени од наредбите за останување дома. 

Зборувајќи во средната на конференција на Ројтерс, Џоп рекол дека не очекувал дека работниците ширум Западна Европа и Северна Америка да се вратат на работат до април и додал дека Унилевер ќе примени „хибриден модел“ на работење помеѓу дома и канцелариите, после тоа. Постојани промени ги очекува 150,000 вработени ширум светот, од кој 7,000 се во Велика Британија. 

 

Advertisement