ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

„Вратете ги назад отпуштените работници“ им порача Заев на работодавачите

207views

Премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција испрати порака до работодавачите кои отпуштиле работници да ги вратат на работните места, пред да аплицираат за да ја одржат севкупната бројка на вработени. 

„Периодот којшто го споредуваме е почетокот на Ковидот, а тоа е 1 април до 31 август, оваа година, затоа што тогаш започнаа да се спроведуваат самите мерки и верувам дека ќе им бидат од корист на сите компании“, рече Заев.

Порача да покажат солидарност и да ги вратат отпуштените работници на работните места, нагласувајќи дека со новиот пакет мерки дека имаат поголеми поволности. 

Во однос на компаниите кои зедоа 14,500 денари помош, а не ги исплатија на работнците, Заев рече дека уште со објавувањето од страна на Владата кога не се исполниле исплатите кон работнците, до поднесување на пријавите, еден дел од нив ги исплатиле платите, а другиот дел се со крвични пријави. 

Посочи дека системот е димензиониран како во сите нормални демократии, а тоа значи дека дава поддршка, но истовремено дава санкции и казни и затоа смета дека треба да се продолжи по тој систем. Во моментот на аплицирање, компанија која добила помош, а се води постапка против неа, нема да добие помош. Ова се темели на сите одлуки коишто се носат.

„Еве им прилика на оние компании кои добија помош а не ги исплатија платите, да го напрват тоа брзо, за да може да аплицираат за овие мереки. Законите се јасни и се носи кривична одговорност. Мене ми е јасно дека се работи за повеќе од 95 % на компании кои имаат од 1 до 5 вработени и тие се мислеле дали да ја платат струјата или да исплатат плати, но овие пари се за исплата на плати“, рече Заев. 

На новинарско прашање за тоа дали ќе има мерки кои ќе се однесуваат на телевизиите, Премиерот Заев посочи дека сите овие мерки се однесуваат не само на телевизиите, туку и на сите медиуми кои како правни субјеки можат да аплицираат.

Во однос на новинарското прашање за тоа кој сектор ќе има најмногу придобивки од мерките, тој рече дека најмногу поддршка ќе добие трудоинтезивниот сектор, бидејќи се пресметува според бројот на вработени. Компаниите со поголем број на работници ќе добијат поголема поддршка. Посочи дека Владата има намера да ја интензивира казнената политика, како и ќе се доекипираат инспекторатите, за да бидат повеќе активни. 

Бобан Илијевски