Магазин

„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

„Врба“ на Манчевски - Работник
51views

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” во склоп на Друштвото на филмските работници на Македонија, го избра филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски како македонски кандидат за филмската награда во 2021 година.

Комисијата се состои од Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 93-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 25 април 2021 година, во Лос Анџелес.