ПравдаСветСиндикат

Втор ден на штрајкот во Франција, школите и болниците се затворени, синдикатите велат нема попуштање

Втор ден на штрајкот - Работник
206views

Франција денеска е соочена со втор ден од хаосот во сообраќајот, затворените училишта и болниците кои работат со недоволно персонал бидејќи синдикатите соопштиле дека нема да има попуштање во големиот штрајк против реформите во пензискиот систем.

Поголем дел од земјата веќе беше во застој, поради прекинот на работа на вработените во јавниот превоз, по што им се придужиле наставниците, докторите, полицајците, пожарникарите и вработените во јавните служби.

На улиците во Париз демонстрациите прераснале во насилство, па полицијата користела солзавец. Уапсени се неколку десетина луѓе.

Денеска во Париз се затворени 10 од 16 линии на метроата, а откажани се и регионалните возови.

На патиштата во главниот град и околината се формирале колони со вкупна должина преку 350 километри, според податоците на апликацијата „Стијадин“, поради што многу граѓани тргнале на пат со своите автомобили.

 

Видео: BBC

Работниците во железницата и денеска го продолжиле штрајкот, а синдикатот на парискиот автобуски превоз и метроата соопштил дека нивниот протест ќе трае до понеделник, 9 декември.

Вчера десетина илјади демонстранти излегле на улиците во Париз и предизвикале затворање на Ајфеловата кула и делови на Музејот Лувр.

Макрон сака да го поедностави пензиониот систем кој моментално функционира според 40 различни планови. Поединечни работници, како оние вработени во железница или поморскиот сообраќај, имаат право да одат во пензија десет години пред поголемиот дел од останатите вработени.